Прекрасна динамична серија проткаена со добар хумор!
Со мојот сопруг уживаме во серијата, посебно во улогата на Жарко Радич, те. Миjо, уживаме во неговиот високо-интелигентен хумор, како и во улогите на неговото семејство Гордана (Барбара Нола) и Анте (Асим Угљен) .
Исто Целото семејство Пенава ни дава прекрасни комични моменти, посебно Анџелка (Елвира Аљукич) и Недиљко (Нермин Омич) се супер-комични ликови!
Уживаме во дружбата на Милан Штрљич (Андрија) и Нермин Омич (Недиљко), во нивните досетки и хумор.
Томо (Синиша Ружич) е генијален во својот хумор!
Секако би ги пофалиле и улогите на сите други глумци.
Ова подрачје е преплавено од турски серии, и потребно е да се снимаат ваков тип на серии со добар интелигентен хумор како лесно освежување после толку многу серии преполни со патетика или пак со тешки судбини и крв.